Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари ги повика навивачите на „белите“ да покажат повеќе трпение кон фудбалерите по поразот со 0:3 против ЦСКА Москва во Лигата на шампионите.

Навивачите на „кралскиот“ клуб изразија силно незадоволство од презентацијата на тимот во последниот натпревар од групната фаза од најсилниот клубски турнир во светот.

– Слушнав и аплауз. Фановите имаат право да ги изразат своите емоции. Ова дефинитивно има значење и треба да се манифестира почит. Тимот секогаш се надева на поддршка и имаме потреба од неа. Клубот отсекогаш се потпирал на поддршката од навивачите. Се надеваме дека ќе бидат со нас и ќе нè натераат да дадеме сè од себе, изјави Солари.

Стратегот го бранеше Иско, кој беше предмет на свирежи од страна на публиката на „Бернабеу“.

– Иско е зрела личност и вистински професионалец, кој им донесе многу радост на навивачите, додаде Аргентинецот.

Реал Мадрид, кој се наоѓа на четвртото место во шпанскиот шампионат, е домаќин на Рајо Ваљекано утре во меч од Прмиера.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2018 19:42