Напаѓачот на Интер, Иван Перишиќ може да го напушти клубот следното лето. Според „Тутоспорт“ нероазурите се подготвени да го продадат 29-годишниот Хрват за 50 милиони евра.

Најмногу заинтересиран за Перишиќ е Манчестер Јунајтед. За потпишувањето со напаѓачот на Хрватот, лично е заинтересиран тренерот на „Црвените Ѓаволи“, Жозе Мурињо.

Другите кандидати за неговиот потпис се Баерн и Атлетико.

Во тековната сезона Перишиќ одигра 20 натпревари за Интер, постигна два гола и оствари две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2018 00:23