Легендата на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс изрази незадоволство од поразот на „црвените ѓаволи“ од Ливерпул со 3: 1 во големото дерби на Англија.

Поранешниот капитен на тимот очигледно тешко го прифати поразот и упати остри критики кон напаѓачот на тимот, Ромелу Лукаку.

– Кога не победуваш тимови како Вулверхемптон и Кристал Палас, тогаш ги прифаќаш критикитие и последиците. Во текот на годините, стандардите во Јунајтед се креваа постојано нагоре. Имавме уникатни играчи со кои сме се искачувале на врвот. Сегашните играчи нагло го симнаа ова ниво. Ги гледаме Лукаку и Погба на Светското во Русија, таму се најдобри. Кога ќе се вратат во своите тимови, не прават ништо. Едно време имавме напаѓачи како Кантона, кои можеа од еден лош пас да направат гол шанса. Сега имаме напаѓачи како Лукаку кои добиваат добра топка и ја претвораат во уште полоша, прокоментира Гигс.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 16:48