Шефовите на Јувентус денеска оствариле средба со агентот Мино Раиола, а главна тема на разговорите меѓу двете страни бил новиот договор на младиот напаѓач на „бјанконерите“ Мојс Кин, како и на уште неколку млади фудбалери од школата, меѓу кои Бразилецот Лукас Роса, кој наскоро треба да го потпише својот прв професионален договор, пишуваа медиумите во Италија.
Покрај тоа, веројатно станало збор и за можните трансфери на Матајс де Лихт и Пол Погба, кои исто така се претставувани од Италијанецот.
Не е тајна дека Јуве е заинтересиран за Де Лихт, за кој интерес покажуваат и од Барселона. Меѓутоа, добрите односи меѓу Торино и Раиола можат да го натераат да заигра на „Алијанц“ стадионот.
Евентуалното враќање на Погба исто така е предмет на многу шпекулации на Апенините. Но, Јунајтед веројатно нема да го продаде во зима, откако иднината на Французинот во голема мера зависи од Жозе Мурињо. Ако менаџерот биде отпуштен, играчот од средниот ред веројатно ќе преферира да остане на „Олд Трафорд“.