Потпретседателот на италијанскиот шампион Јувентус, Павел Недвед, не беше задоволен од ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампиони.
„Бјанконерите" имаат тешка задача, откако ќе се соочат со Атлетико Мадрид.
– Не сме среќни. Нивниот стил на игра е повеќе италијански. Силни се во одбрана и имаат играчи како Антоан Гризман, кои знаат како да играат на контра-напад. Очекувам два изедначени натпревари со малку голови. Ни се падна најтешкиот противник, но нема проблем, изјави Недвед.
Првата средба ќе се игра на стадионот на кој ќе се одржи и финалето – „Ванда Митрополитано".
Реваншот во март ќе биде во Торино.