Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети по завршувањето на ждребот за шеснаесетфиналето на Лигата на Европа изјавидека тимот ќе се обиде да стигне до финалето на турнирот и да го освои трофејот во текот на сезоната. Гигантот од Милано ќе се соочи со Рапид Виена на патот до финалето во Баку.

Лига Европа е престижен турнир и сакаме да стигнеме до крајот на натпреварувањето. Жал ни е што си заминавме од Лигата на шампионите. Ждребот беше добар за нас, но знаеме дека не постојат лесни натпревари. Треба да видиме во каква состојба ќе бидеме во февруари. Сакаме да бидеме кандидати за трофејот, вели Занети за „Скај Спортс".

Во однос на засилувањето на тимот во јануарскиот трансфер прозорец, Аргентинецот вели дека разгледуваат опции.

– Ако има можност да го засилиме тимот во јануари, сигурно ќе дејствуваме. Ќе биде важно да освоиме трофеј во текот на сезоната, заклучи Занети.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 01:04