Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ конечно потврди дека нема да се враќа во Милан и ќе продолжи да игра за Л.А. Галакси. Во последниве месеци Ибра беше силно поврзуван со трансфер во Милан, но преговорите помеѓу двете страни сопреа и Швеѓанецот нема да го засили составот на Џенаро Гатузо.
Ибрахимовиќ објави порака на официјалниот профил на „Твитер“, во која пишува: „МЛС, уште не сум завршил со тебе …“. На објавата е прикачено и видео во кое се споменуваат имињата на тимови со кои Ибра беше поврзуван.
Напаѓачот постигна 22 гола во 27 средби во својата прва сезона за Л.А. Галакси.