Аталанта со минимални 1-0 го совлада Лацио за седма победа сезонава во Серија А, само четврта на домашен терен. Избраниците на Жанпјеро Гасперини тргнаа фуриозно по првиот судиски свиреж, па веќе по 58 секунди ја затресоа мрежата на „лацијалите“.

Дуван Запата беше човекот од одлука, кој ја искористи лошата интервенција на Раду и ја смести топката зад грбот на Стракоша. Лацио успеа да постигне гол и тоа во самиот финиш на средбата, но голот на Ачерби беше поништен со помош на ВАР, дефанзивецот на гостите беше во недозволена позиција.

По четири последователни ремија, Лацио веќе петти меч не знае што е тоа триумф, додека Аталанта со освоени 24 бода се наметна во топ 6 во Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 01:11