Алавес и Атлетик Билбао одиграа реми без голови во последниот натпревар од 16. коло во Ла Лига. На стадионот „Мендизороца“, Алавес останува непоразен сезонава, па со вечерашниот освоен бод се израмни со Бетис на шестото место, со по 25 бода.

Катастрофалната сезона за Билбао продолжува, го забележаа вкупно деветтото реми во шпанскиот шампионат по 16 натпревари, а по ова коло ќе останат во црвената зона со само 15 освоени бода, исто колку што има и Вилјареал.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 01:11