Раководството на шпанскиот фудбалски клуб Барселона не сака да плати 75 милиони евра за играчот од средниот ред на Ајакс, Френки де Јонг.

Според „Ел Мундо Депортиво“, Каталонците имаа разговори во Амстердам со Ајакс, но страните не се согласија за висината на трансферот.

Барселона не е подготвена да ја плати бараната сума за 21-годишен Холанѓанец.

Овој исход на преговорите во преден план за ангажман на Де Јонг ги става ПСЖ и Манчестер сити, кои се заинтересирани за талентираниот Холанѓанец, но само ако евентуалниот трансфер не е во спротивност со ограничувањата што ги прави финансискиот фер-плеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 13:53