Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа позитивни зборови за својот колега Жозе Мурињо, кој беше отпуштен од Манчестер Јунајтед денеска.
Во неделата „црвените“ ги победија „црвените ѓаволи“ со 3:1 на „Енфилд“, што остави тимот на Мурињо на 19 поени од првото место и на крајот ги предизвика денешните настани.
- Тој е многу амбициозен човек, конкурентен тип. Ја има сета моја почит поради неверојатните успеси. Можам да разберам дека последните неколку месеци не беа особено пријатни за него. Секој ден требаше да се судира со сите овие прашања. Тоа е проблем. Никој сепак не може да му ги одземе работите кои ги освоил. Се надевам дека тој си заминува со таа мисла во главата, а не со другите работи кои се случија во последните месеци. Тој е извонреден менаџер, изјави Клоп, цитиран од медиумите на Островот.