Тунизискиот клуб Есперанс го победи Чивас Гвадалахара од Мексико по изведувањето на пенали во натпреварот за петтото место на Светското клупско првенство.

Дуелот заврши 1:1 во регуларното време, откако Валтер Контрерас отвори за Чивас во 5-тата минута, а Јусеф Белаили израмни од пенал за Тунижаните во 38-та минута.

Овој резултат се задржа во редовните 90 минути, иако Есперанс го доврши дуелот со девет лица по црвените картони на Бадри (79-та минута) и Раби (90 + 6).

Двата тима исполнија вкупно 16 пенали, испуштија по два во првите пет удари, а потоа Исак Брисуела не погоди за Чивас, по што Шамседин Дауади реализира и донесе успех со 6:5 за Есперанс.

Во моментов се игра првиот полуфинален натпревар помеѓу јужноамериканскиот шампион Ривер Плата и домаќинот Ал-Аин.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 20:02