Ал Аин од Обединети Арапски Емирати сензационално ќе игра во финалето на Светското клупско првенство, откако во полуфиналето го надигра шампионот на Јужна Америка, Ривер Плата по изведување на пенали.

Регуларното време и продолженијата завршија нерешено 2:2, а при пеналите, домаќините на турнирот ги реализираа и петте удари, додека за Ривер пропуст направи Енцо Перез.

Ал Аин поведе уште во 3-тата минута преку шведскиот репрезентативец Маркус Берг кој реализираше со глава по удар од аголот. Аргентинскиот гигант реагира брзо и го сврте развојот во своја полза со два брзи гола на колумбискиот напаѓач Рафаел Боре. Тој израмни во 11-тата минута откако пресретна одбиена топка, а пет минути подоцна го изведе Ривер во водство по пас на Мартинез.

Ал Аин изедначи во 51-та минута кога Бразилецот Кајо се проби во шеснаесетникот на противникот и со удар по земја не му остави шанса на аргентинскиот голман.

Во 69-тата минута, Ривер доби пенал, но Гонзало Мартинез погоди пречка.

Со нерешен резултат беше заврши регуларниот дел од мечот, а во продолженијата немаше промени, па исходот на натпреварот беше решен по пенали.

Фаталното промашување за Ривер Плата го направи Енцо Перез, кој не успеа да го совлада голманот на домаќините и Ал Аин победи со 5:4.

Во другото полуфинале утре, Реал Мадрид ќе игра со јапонскиот тим Кашима Антлерс.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2018 03:37