Раководството на Баерн Минхен ќе ја активира откупната клаузула на Лука Ернандез од Атлетико Мадрид во претстојниот зимски преоден рок, информира ексклузивно „Maрка“.

Баварскиот гигант одлучи да плати рекордни 80 милиони евра на клубот за да ги обезбеди услугите на светскиот шампион.

Досегашниот највисокиот трансфер на „Алијанц Арената“ беше Корентен Толисо. Минатото лето, Ернандез го обнови договорот со „јорганџиите“ до 2024 година и во него има клаузула за ослободување.

Францускиот репрезентативец се повреди во дуелот со Алавеш пред десет дена и многу веројатно е тоа да биде последниот негов натпревар во дресот на тимот од Мадрид.

Тој се очекува да потпише четиригодишен договор со германскиот лидер.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2018 12:00