Дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, нема да оди во Барселона во зимскиот преоден рок, објави „Дејли мејл“.
Данскиот фудбалер ќе остане до крајот на сезоната во тимот на „сините“ од Лондон,така што Каталонците ќе мора да почекаат за негов ангажман најмалку до следното лето.
Претходно интерес за Кристенсен покажуваше и Милан.
Во тековната сезона, Данецот играше само на еден натпревар од англиското првенство, а на 10 беше на резервната клупа.