Италијанските гиганти Милан и Интер планираат да градат нов стадион.

Двата клуба од Милано ќе здружат сили не само во реконструкцијата на „Џузепе Меаца", туку и во голема мера да инвестираат во изградбата на нов модерен стадион.

Ова го соопшти претседателот на „росонерите" Паоло Скарони на вчерашната Божиќна прослава во Милано.

- Ги претставувам сопствениците на клубот, кои инвестираа многу пари и работат на новиот стадион во Милано. Планираме да изградиме нов стадион со Интер.

- Ние не започнавме на најдобар начин, но сме четврти и ова е најважното нешто. Ние сакаме Милан да се врати во Лигата на шампионите.

- Важно е да го задржиме четвртото место, изјави претседателот Скарони.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 03:16