Напаѓачот на Ница, Марио Балотели сака да го смени клубот во зимскиот трансфер прозорец. Според „Газета дело Спорт“, 26-годишниот Италијанец сака да се врати во домашната Серија А.

Балотели во минатото настапуваше за Милан и Интер, а не е наведена желбата дали во некои од овие два клуба сака повторно да заигра или има трета опција.

Претходно, тренерот на Ница, Патрик Виеира не негираше дека Балотели може да замине во јануари.

Контроверзниот Балотели има важечки договор со францускиот прволигаш до крајот на оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 09:41