Зимскиот трансфер прозорец во Италија може да биде продолжен, објавија италијанските медиуми.

Тамошните клубови разговарале за прашањето за продолжување на трансфер рокот за две недели.

За потсетување, првичното затворање на пазарот з анови играчи во Италија беше планирано за 18 јануари. Сепак, италијанските клубови направија предлог да го синхронизираат со водечките лиги, каде што прозорецот ќе се затвори на 31 јануари.

Одлуката на клубовите од Серија А мора да биде одобрена од ФИФА.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 10:42