Ливерпул со сигурни 2-0 славеше на гостувањето кај незгодниот Вулверхемптон, и при тоа ја забележа 15-тата победа по 18 кола во Премиер лигата.
Победничката низа на избраниците на Јирген Клоп продолжи на седум меча во англискиот шампионат, па до утре ќе имаат четири бода предност во однос на Манчестер сити, „граѓаните“ утре го пречекуваат Кристал палас.
На Мохамед Салах му беа потребни 18 минути да го постигне вкупно 11-от погодок сезонава во првенството, па засега „фараонот“ е лидер на листата на стрелци, со еден гол повеќе од Обамејанг.
Египѓанецот имаше свој придонес и при вториот гол на гостите, овојпат во улога на асистент му намести на Ван Дајк да го постави конечниот резултат на „Молињу“ стадионот.