Баер Леверкузен веќе има нов тренер. Денес од своите обврски беше ослободен досегашниот тренер Хаико Херлих, а на клупата седнува Петер Бош.
Холанѓанецот официјално ќе почне да работи од 4 јануари 2019 година. Ова ќе биде втор негов престој во Бундеслигата, откако тој помина неколку месеци на чело на Борусија Дортмунд во сезоната 2017/2018. 54-годишниот стратег ја доби функцијата кај „жолто-црните“ непосредно откако го однесе Ајакс до финалето во Лига Европа во 2017 година.
Договорот на Бош со Леверкузен е до 30 јуни 2020 година. Тој ќе пристигне во клубот со свој асистент-тренер во лицето на Хендрик Крузен.
Во Бундеслигата, тимот е на 9-то место со 24 поени, на само еден зад 6-тиот Волфсбург, кој во моментов ја држи последната позиција, која осигурува излез во евротурнирите. Во Лига Европа пак, „аспирините“ ќе се сретнат со руски Краснодар во шеснаесетфиналето.