Напаѓачот на Ница, Марио Балотели може да го напушти клубот во зимскиот трансфер прозорец ако клубот плати 3 милиони евра за неговите права.

Фаворит за потписот на Италијанецот е Олимпик Марсеј, кој беше подготвен да го привлече Балотели во текот на изминатото лето.

Во првата полусезона, Балотели разочара со своите перформанси за Ница, постигнувајќи само еден гол во 10 натпревари.

Во последниве недели во Франција се пишуваше и за заострување на неговите односи со тренерот Патрик Веира, откако легендата на Арсенал го остави надвор од ссотавот во последните два меча од Лига 1, што се повеќе сугерира дека поранешниот фудбалер на Интер, Милан и Манчестер Сити ќе се најде на излезна врата од „Алијанц Ривиера“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2018 12:44