Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, започна импресивно на чело на „црвените ѓаволи“. Тимот покажа убав, напаѓачки фудбал и победи со јасни 5:1 при својата посета кај Кардиф.

Норвежанецот верува дека ако тимот го задржи тоа ниво, тие можат да освојат многу поени до крајот на сезоната.

– Има доста позитивни нешта. Ставот, желбата на момчињата, сè беше фантастично во соблекувалната во пристапот кон овој меч. Неделава беше тешко за секого и беше импресивно како тие станаа и покажаа таква игра. Јас сум задоволен со апсолутно сите. Кога ги имате Марсијал и Џеси Лингард на крила, Расшфорд во нападот, и Погба за да ги храни со пасови, има нешто прекрасно да се види. Ако го задржиме ова ниво, ќе продолжиме да собираме поени, убеден е Солскејер.

Тој исто така беше запрашан за тоа кои се целите на тимот и дали има шанса да се бори за места кои носат во Лигата на шампионите следната година.

– Ќе размислуваме меч за меч, но во моментов сме на осум поени од четвртото место. Сепак претходно сме успевале да стопиме таква разликата. Затоа ќе одиме чекор по чекор и нема да гледаме многу напред. Манчестер Јунајтед секогаш добро игра во втората половина од сезоната, изјави Норвежанецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2018 13:12