Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, беше задоволен од синоќешната победа над Рома со 1-0. Триумфот им гарантира на „бјанконерите“ дека ќе бидат зимски шампиони во Серија „А“.

Сепак, ова нема особено значење за тренерот, кој вели дека неговиот тим сè уште не освоил ништо и има уште многу работа за вршење.

– Ние веќе сме зимски шампион, но сé уште не сме освоиле ништо. Работите се одвиваат добро, ние се пласиравме за осминафиналето во Лигата на шампионите и убаво е што имаме сериозна разлика пред Наполи на врвот на листата. Денес беше убав натпревар и останавмеорганизирани под тензија. Моравме да направиме повеќе откако поведовме со 1-0, бидејќи ривалот имаше сериозни тешкотии. Рома ја имаше повеќе топката во втората половина, но не им дадовме никакви шанси. Би рекол дека ова е заслужена победа, изјави Алегри по дуелот.

Јувентус е на чело на табелата со 49 поени по 17 кола, 8 пред вториот Наполи. Далеку зад нив се Интер со 33 бода на третото и Лацио со 28 на четвртото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2018 13:15