Премиерлигашот Кристал палас се приклучи на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Наполи во трката за ангажман на српскиот фудбалер од Ајнтрахт, Лука Јовиќ, објави „Скај Спорт“.

Јовиќ е прв стрелец во Бундеслигата со 12 гола. Лондонскиот клуб сака д аго види на напаѓачката позиција во своите редови.

Ајнтрахт Франкфурт ќе го откупи договорот на позајмениот Јовиќ од Бенфика за шест милиони евра, според претходно склучен договор, а потоа очекува понуда од најмалку 40 милиони евра.

Ако Кристал палас одвои толкава сума за Србинот, тоа ќе биде нов клупски рекорд з атрансфер на играч. Досегашниот е 32 милиони евра, сума платена за Бентеке.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2018 14:11