Поранешниот тренер на Атлетико Мадрид, Кике Санчез Флорес најде нов предизвик во својата кариера. 53-годишниот Шпанец е новиот ментор на кинески Шангај Шенхуа.

Санчез Флорес беше невработен од 20 април, кога беше отпуштен од Еспањол. Во Шангај тој го менува Ву Џинги, кој беше промовиран во спортски директор.

Кике Санчез Флорес беше на чело на Атлетико Мадрид во периодот 2009-11 година и со „јорганџиите“ ги постигна најголемите успеси како тренер – ја освои Лига Европа и Суперкупот на УЕФА во 2010 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2018 18:35