Напаѓачот на Пари Сен Жермен и репрезентацијата на Франција, Килијан Mбапе, беше прогласен за најдобар француски фудбалер за оваа година, според списанието „Франс Фудбал“.
Во 2018 година, 20-годишниот напаѓач го освои француското првенство и стана светски шампион како дел од неговиот национален тим. Тој беше исто така именуван за најдобар млад играч на СП 2018 и стана првиот носител на наградата „Копа“, која беше доделена за најдобриот фудбалер до 21 година.
Оваа сезона, Мбапе има 26 натпревари на сите турнири во кои постигна 19 гола и направи 4 асистенции.