Ѕвездата на Париз Сен Жермен, Бразилецот Нејмар да Силва, има голема желба да се врати во Барселона.

Како што пренесува весникот „АС“, повикувајќи се на неименувани извори од „Камп Ноу“, Бразилецот е во постојан контакт со клубот и не крие дека тој сака да се врати, и се чини дека дури и во Барселона се заинтересирани за него.

Проблемот е што процесот на враќање на бразилскиот репрезентативец во Барселона би била комплицирана операција, иако не и невозможна.

„Нејмар во текот на следната сезона нема клаузула за откуп, но затоа би можел да замине во 2020 година кога оштетата ќе биде 215 милиони евра“, тврди шпанското издание, повикувајќи се на доверливи извори од клубот.

Како можна опција, се споменува дека Барселона ќе биде подготвена да го испрати Усман Дембеле плус пари за парижаните.

„Кога Нејмар доаѓа во Барселона, тој секогаш навраќа во соблекувалната на домаќинот. Штета што си замина, затоа што тука имаше се. Ќе видиме како ќе реагираат тука на неговото евентуално враќање“, изјавил изворот за „АС“.

За Барселона проблемот е што ако сака да го врати во јануари или следната година, ќе мора да плати значително повеќе од 215 милиони евра. Реал го бара, но Нејмар е заинтересиран само за Барселона.

Бразилецот учествуваше на 19 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона за ПСЖ и постигна 16 гола и 8 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2018 01:06