Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, му се заблагодари на поранешниот тренер, Жозе Мурињо, за заслугите кои ги има за освоените трофеи.

Португалецот мината недела доби отказ.

-Беше посебна недела за нас со оваа промена на тренерот. Јас би сакал да му се заблагодарам на Жозе Мурињо за трофеите што ги освоивме заедно. Му посакувам среќа во иднина, изјави Мата.

Тој е еден од малкуте во клубот што остануваат со позитивни спомени од работата со Мурињо.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2018 10:54