Тренерот на Арсенал, Унаи Емери смета дека е многу тешко да се споредува со Арсен Венгер, кој го предводеше тимот 22 години.

Тој нагласи дека стекнал добро „наследство“.

– Кога дојдов тука, ми беше кажано дека тимот треба да биде поагресивен отколку што беше во последниве години со Венгер. Ова се случува кога ќе водите тим долго време. Всушност, она што Венгер го направи е речиси невозможно да се повтори. Но, јас сум многу возбуден поради можностите што Арсенал ги дава со своите играчи, изјави Емери.

„Топџиите“ по 18 рунди во Премиер лигата се на 5.место со 37 бода, колку што има и четврто пласираниот Челзи, а 11 помалку од лидерот Ливерпул.

Вечер од 18:15 часот Арсенал му гостува на Брајтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2018 11:00