Напаѓачот Баже Илијоски првото засилување на Работнички во зимскиот преоден рок. Тој се враќа во матичниот клуб и потпиша едногодишен договор со Работнички, соопштија од клубот.

Изминатите 12 месеци ги мина во Шкупи, а сега по шести пат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички. Илијоски е најдобриот стрелец во историјата на македонскиот прволигаш.

Се очекува 34-годишниот Илијоски да биде големо засилување за тимот на Жикица Тасевски во вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2018 17:23