Вејн Руни ќе присуствува денеска на „Олд Трафорд“, за да го проследи дуелот на својот поранешен тим Манчестер Јунајтед против Хадерсфилд денес.

Поранешниот напаѓач на Англија, кој сега игра во МЛС за Ди Си Јунајтед, се врати дома за празничниот период, пишува „Мирор“.

Но, иако е легенда на клубот, Руни сепак беше претресен на влезот на стадионот.

Руни потоа објави слика од пред празните трибини со наслов „Олд Трафорд“ и емоџи срце.

Мечот, кој ќе биде втор за Оле Гунар Солскјер на чело на тимот, започнува во 16 часот.

Руни претресен пред влегување на „Олд Трафорд“


Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2018 17:29