Носителот на „Златната топка“ и најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА, Лука Модриќ, е прогласен за „Спортист на Балканот“ за 2018 година во анкетата на Бугарската новинска агенција (БТА).

Во гласањето во кое учествуваше и Македонската информативна агенција (МИА), Хрватот доби 75 поени, два повеќе од Новак Ѓоковиќ (тенис, Србија) и десет од Симона Халеп (тенис, Романија).

Од македонските спортисти, пет бода доби фудбалерот Езџан Алиоски (17.место), а три ракометарот Кирил Лазаров (21.место).



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2018 14:06