Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон ќе го продолжи договорот со клубот, објави „Скај Спорт“. Опцијата наведена во договорот склучен минатото лето ќе биде активирана.

За потсетување, 40-годишниот Италијанец потпиша едногодишен договор со парижаните во јуни, со можност за обновување на уште една година.

Оваа сезона, Буфон бранеше на 13 натпревари за ПСЖ и прими осум гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 02:24