Поранешниот бразилски репрезентативец Маикон не може без фудбалот. Го потврди тоа со потписот за бразилскиот второлигаш Крисиума во 37-та година од својот живот.
Поранешниот соиграч на Горан Пандев од Интер последниот ангажман го имаше пред точно една година во Аваија, по што рече дека ќе се збогува од фудбалот. Но, многумина сега изненади со нов професионален ангажман, пренесува Екипа.мк
„Маикон дојде во нашиот клуб. Се надеваме дека за еден месец ќе може да игра полни 90 минути на натпреварот“ – соопшти првиот човек на Крисиума, Хаиме Дал Фара.
Освен за Интер, Мајков во Европа настапуваше и за Манчестер сити, Монако и Рома. За селекцијата на Бразил одигра 76 натпревари постигнувајќи и седум гола.