Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Ронало му искажа поддршка на дефанзивецот на Наполи, Калида Кулибали кој на вчерашниот натпревар со Интер беше изложен на расистички навреди од навивачите на миланскиот клуб.

- Отсекогаш верував дека во светот и во фудбалот ни е потребна едукација и почит. Нема место за расизам и никаква форма на навреда или дискриминација во фудбалот! – напиша Роналдо на Инстаграм.

Претходно, тренерот на “Наполи” Карло Анчелоти рече дека следниот пат кога ќе се повторат таквите инциденти, тимот може да го напушти теренот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 02:26