Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, може да биде назначен за менаџер на Манчестер Јунајтед, објави „Лондон Ивнинг стандард".

Во моментов, Оле Гунар Солскјер привремено е задолжен за „црвените ѓаволи".

Главен кандидат за функцијата е тренерот на Тотенхем Маурисио Почетино, а 51-годишниот Италијанец е втората опција.

Изданието додава дека Алегри е подготвен да пристигне во Англија.

Манчестер Јунајтед е на шестото место во Премиер лигата со 32 поени по 19 круга од почетокот на сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 02:43