На седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, вчеравечер беа донесени одлуки за неколку кадровски смени.

Зоран Лекиќ е назначен за нов селектор на футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години, а негов асистент ќе му биде Марјан Стефановски.

За селектор на репрезентацијата на Македонија до 18 години е поставен Шкумбин Арслани.

Управниот одбор на ФФМ назначи главни и помошни тренери во спортската академија за градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Велес.

Исто така утврден е и буџетот на Фудбалската федерација на Македонија за 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 10:10