Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ги негираше сите информации што го поврзаа со напуштање на „старата дама“. Неговото име беше поврзано со менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед, како и за таа во Реал Мадрид. Но, тој нема намера да се сели од Торино.
– Многу сум среќен во Јувентус. Правиме прекрасни нешта на теренот и како целина како клуб. Не само тоа, туку и продолжуваме по истиот начин. И не на последно место, сега е едвај декември, а до јуни има уште бројни натпревари и премногу време, рече Алегри.
Целите пред Алегри и Јуве остануваат дубл на домашна сцена, но сега кон нив се додава и гонење на трофејот во Лигата на шампионите. За таа цел беше привлечен и Кристијано Роналдо.