Дефанзивецот на Штутгарт, Бенжамен Павар ги демантираше информациите за преддоговор со Баерн Минхен.

– Не сум потпишал никаков договор со Баерн. Интерес од таков клуб ми ласка, но сега сум целосно посветен на Штутгарт. Уште не мислам за другото лето, коментира Павар пред „Паризиен“.

Според информации во германскиот печат, францускиот репрезентативец дал согласност за трансфер во Баерн во текот на летото за трансферна сума од 35 милиони евра.

Дваесет и две-годишниот Павар премина во Штутгарт од Лил во 2016 година за 5 милиони евра. Летото, играчот стана светски шампион со Франција на Светското првенство во Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 20:01