Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Цеск Фабрегас ќе го напушти клубот во јануари.

Според „Марка“, 31-годишниот Шпанец сака да се повлече поради слаба минутажа.

За Фабрегас заинтересирани се Милан, Валенсија и Атлетико.

Договорот на Шпанецот со Челзи истекува на 30 јуни 2019 година. Во тековната сезона, Фабрегас играше 14 натпревари за Челзи, постигна еден гол и оствари две асистенции.

На фудбалскиот пазар вредноста на Фабрегас се проценува на 25 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2018 13:19