Тренерот на Челзи, Маурицио Сари очекува тежок натпревар на гостувањето кај Кристал палас.
На последните три домашни натпревари немаат пораз. Многу опасни се во контри. Играме со многу опасен тим, особено ако се земе предвид дека гостуваме, изјави Сари пред утрешното гостување кај Кристал палас во 20.коло од Премиер лигата. Што се однесува до борбата за трофејот, предводникот на „сините" смета дека Ливерпул и Манчестер сити се главни фаворити.
Како што реков уште од самиот почеток, постојат две екипи кои се еден чекор пред останатите, Ливерпул и Манчестер Сити. Челзи во моментов е на 4. место со 40 поени по 19 рунди.