Кристијано Роналдо го отвори резултатот на денешниот натпревар на Јувентус против Сампдорија во 19.коло од италијанската Серија А.

Со овој погодок, напаѓачот на Јувентус стигна до 13 гола оваа сезона. Тој стана најдобриот стрелец од португалските фудбалери во однос на бројот на голови по сезона во Серија А.

Претходниот рекордер беше Руи Барош. Во сезоната 1988/89, тој, исто так во дресот на Јувентус постигна 12 гола во шампионатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2018 14:00