Тимот на Интер ја завршува 2018 година на третото место во Серија „А“.
„Нероазурите“ победија со 1:0 против Емполи во натпревар од 19-тото коло и ја прекинаа серијата без успех далеку од „Џузепе Меаца“. 18-кратните шампиони на Италија забележаа едвај две реми на последните четири гостувања (Аталанта – 1:4, Рома – 2:2, Јувентус 0:1, Киево – 1:1), а за последно земаа трите поени на 29 октомври на „Олимпико“ против Лацио (3:0).
Единствениот гол беше дело на Кеита Балде во 72-та минута, кој се врати меѓу стартерите за мечот во Тоскана.
Резултати од Серија „А“, 19.коло:
Јувентус – Сампдорија 2:1
Киево – Фросиноне 1:0
Емполи – Интер 0:1
Џенова – Фиорентина 0:0
Парма – Рома 0:2
Лацио – Торино 1:1
Сасуоло – Аталанта 2:6
Удинезе – Каљари 2:0