Барселона има намера да преземе многу интересен потег на трансфер пазарот следното лето. Каталонците планираат да понудат на Пари Сен Жермен многу сериозна трансферна сума плус Иван Ракитиќ за Килијан Мбапе, тврди „Кадена КОПЕ“.

Според информациите, хрватскиот фудбалер ќе отпадне од сметките на тренерот Ернесто Валверде од следната сезона, кога тренерот се очекува да располага со Адриен Рабио и Френки де Јонг, кои веќе се со една нога на „Камп Ноу“.

Понудата на Барселона ќе изнесува 150 милиони евра, плус Иван Ракитиќ за Мбапе.

Пари Сен Жермен не го крие својот интерес за Ракитиќ, кој беше трансфер цел на ПСЖ минатото лето, но на крајот Хрватот остана на „Камп Ноу“ по изрично инсистирање на Ернесто Валверде.

Пред неколку дена се појавија информации дека од Барселона дури подготвуваат да го вклучат Филипе Кутињо, но иднината на Бразилецот сигурно е поврзана со каталонскиот клуб и шефовите немаат намера да се разделат со него.

Така Барселона може да „убие со две птици со еден камен“, бидејќи ќе го привлече Мбапе и истовремено ќе блокира евентуално преминување на Нејмар во големиот конкурент Реал Мадрид. Познато е дека „кралевите“ веќе долго време се обидуваат да го доведат Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“, додава изданието.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2018 22:16