Тимот на Милан синоќа го победи СПАЛ со 2:1 во последниот натпревар од Серија А за 2018 година. За „росонерите“ ова беше прв триумф по четири натпревари без победа. Последен пат се радуваа на 2 декември кога беше совладана Парма исто така со 2:1.

Стрелецот на победничкиот гол Гонзало Игуаин, погодокот му го посвети на тренерот Џенаро Гатузо.

– Важна победа по с ешто испуштивме претходниот период. Овој гол му го посветувам н атренерот Гатузо кој ми даваше поддршка кога не ми одеше, изјави Игуаин.

Со новите три бода Милан по 19 рунди во Италијанското фудбалско првенство се проби на 5.место. Милан има 31 бод, а пред него се Лацио со 32, Интер има 39, Наполи 44 и лидерот Јувентус со 53 бода.

По новогодишната пауза, следното коло во Серија А ќе се игра на 19 јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2018 11:20