Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Кака даде интересно интервју пред „Grande Circulo de SporTV“. Таму тој зборуваше за тешкиот период во Реал Мадрид и проблемите со тренерот Жозе Мурињо.

– Кога го облеков дресот на Реал Мадрид знаев дека сум го достигнал врвот во мојата кариера. Имав сепак два проблема – константноста и тренерот Жозе Мурињо. Поминав три години, за да го убедам Мурињо дека заслужувам место во составот, но така и не успеав. Страдав од повреда во текот на шест месеци и кога се вратив, Мурињо веќе започна со работа. Флорентино Перез ми кажа дека сум еден од најдобрите што ги видел во клубот. Можам смело да кажам дека кога одам во Сантијаго Бернабеу таму отвораат врата за мене. Но, откако Мурињо замина, работите се сменија. Перез сакаше да го смени тимот, да дојдат млади играчи, вели Кака



Автор: Администратор
Објавено на: 31/12/2018 11:03