Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, нема да го промени тимот оваа зима.

Претходно беше објавено дека Шпанецот сака да оди во Јувентус.

– Не мислам на промена на клубот во зимскиот трансфер прозорец. Мојата цел е да освојам уште многу титули со Реал, изјави Иско.

Тој во Реал е од 2013 година, а претходно играше за Малага и Валенсија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2019 11:54