Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон јасно стави до знаење дека нема да се врати во италијанската репрезентација. Четириесетгодишниот голман ја последен пат во репрезентацијата бранеше во март 2018 година.

– Разговарав со Манчини и го известив дека не се враќам во репрезентацијата. Тој знае што да прави. Мило ми е што Киелини ја наследи од мене капитенската лента во националниот тим и во Јувентус. Ова е човекот и играчот кој заслужува таква одговорност. Што се однесува до голманот Донарума, тој е квалитетен и многу перспективен, истакна Буфон.

Буфон има 176 натпревари за Италија што е четврти резултат по бројот на репрезентативните настапи во историјата на фудбалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2019 12:44