Еден од фудбалските гиганти во Англија е во одлична финансиска состојба. Ова го покажуваат последните финансиски резултати на Челзи, објавени на официјалниот сајт на клубот на последниот ден од годината.

Тие се однесуваат на приходите и расходите на клубот за финансиската година што завршува на 30 јуни 2018 година. Во овој период, приходите на „сините“ се рекордни во нивната историја – 443,4 милиони фунти. Ова е пораст од 22,7 отсто во споредба со претходната година.

Покрај тоа, тимот од Лондон, кои, како и останатите англиски клубови до неодамна, имаа големи долгови, забележаа рекордна добивка по оданочување од 62 милиони фунти во текот на овој финансиски период.

Огромните приходи во клубот доаѓаат од телевизиските права. Добивките од договорот со Премиер Лигата, како и Лигата на шампионите, изнесуваа 204,1 милиони фунти. Ова е пораст од над 20 отсто во споредба со претходниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2019 13:07