Калчолигашот Интер е заинтересиран да го врати во своите редови Матео Ковачиќ.

Според „Тутоспорт“ менаџментот на „неро-азурите“ размислува за варијатна со 24-годишен Хрват, како квалитетна алтернатива за можно купување на Лука Модриќ од Реал.

Ковачиќ се пресели од Интер во Реал во 2015 година, а сега е на позајмица во Челзи.

Во тековната сезона, Ковачиќ одигра 24 натпревари за Челзи, не постигна гол и забележа два асистенции.

Вредноста на Ковачиќ на фудбалскиот пазар се проценува на 35 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2019 22:13